Утрински Весник
Македонија

В понеделник ќе биде одбележана 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред

В понеделник ќе биде одбележана 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред

Град Скопје в понеделник ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021).

Програмата по повод одбележувањето на овој значаен датум во нашата понова историја ќе почне во 19 часот со положување цвеќиња пред Споменикот на Првиот скопски партизански одред во Карпош 3.

Потоа, ќе следуваат настапите на Академскиот хор „Мирче Ацев“ и Академскиот хор „Оро“ од Ниш, Србија, како и кино-проекцијата на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Претходно, од 10 часот ќе се организира историска едукативна тура за млади во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ (1941-1944) во Скопје.

Првиот скопски партизански одред претставува никулец на организираното народно-ослободително движење во Македонија на кој се надоврзуваат прилепскиот, кумановскиот, вториот скопски, велешкиот, битолскиот партизански одред…. бригадите, баталјонот „Мирче Ацев“, па се до дивизиите и корпусите.

Во партизанските редови на одредот биле 42 партизани од кои 17 го загубиле животот во текот на војната, а од нив тројца – Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои.

Можете да прочитате

Младите си заминуваат: СДММ и УМС со различни ставови за причините и решенијата

Гаши: Децентрализацијата е важен демократски принцип за зајакнување на локалната самоуправа

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна