Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Шефот на рускиот Совет за безбедност: Америка го претвори Авганистан во глобална лабораторија за дрога

Шефот на рускиот Совет за безбедност: Америка го претвори Авганистан во глобална лабораторија за дрога
300x250 opst2

Во изминатите 20 години, САД го претворија Авганистан во лабораторија за дрога на глобално ниво, а производството на дрога во таа земја се зголеми за 40 пати во тој период, изјави за руските медиуми шефот на Рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев.

Сегашната ситуација во Авганистан делумно се должи на неспособноста на западните разузнавачки служби и другите делови на НАТО, рече Патрушев.

„Убедувањето на военото и политичкото раководство на САД и нивните сојузници дека целосно ја контролираат ситуацијата во Авганистан доведе до апсолутно незнаење и лоша проценка на реалната состојба во таа земја“, изјави тој.

Патрушев оцени дека се направени слични пропусти кога станува збор и за други земји на Блискиот Исток, како што се Сирија, Ирак и Либија.

Шефот на Советот за безбедност на Русија, исто така, оценува дека сега обичните граѓани на Авганистан се принудени да ги платат сметките за грешките направени од Вашингтон.

„Ова е уште еден пример за вербата на Англосаксонците во исправноста на донесување одлуки, обвинувајќи ги сите други за грешките. Тоа е токму она што Америка го прави сега. Тие ја обвинуваат поранешната авганистанска влада за неспособност, иако самите ја назначиле, а зборуваат и за недоволната подготовка на авганистанската војска, иако самите ја обучувале“, нагласи тој.

Патрушев додаде дека Американците и Европејците сега ги евакуираат своите луѓе и војска од Авганистан, и ги оставаат на цедило сите оние Авганистанци кои соработувале со нив.

„Време е европските застапници за човекови права да се запрашаат како сето ова сега се вклопува во тие познати западни вредности“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне

Проевропскиот блок во силно водство на изборите во Молдавија