Утрински Весник
Свет

(Видео)Талибанците пукаа во демонстрантите во Џалалабад

(Видео)Талибанците пукаа во демонстрантите во Џалалабад

Талибанците денеска отворија оган врз демонстрантите во градот Џалалабад, кои се собраа барајќи повторно да се истакнат авганистанските знамиња на зградите на институциите во тој град, наместо на талибанците.

Според првичните снимки, пукано е во група луѓе, кои широко го рашириле големо авганистанско знаме. На социјалните мрежи се наведува дека не биле поштедени ниту новинарите, кои биле претепани, пишуваат светските медиуми.

Според непотврдени информации, две лица загинале, а најмалку 12 биле повредени, пренесуваат медиумите.

Претходно денеска, група жени излегоа на првиот јавен протест во Авганистан, барајќи почитување на нивните права, вклучувајќи ја и социјалната сигурност, правото на работа, образованието и учеството во политичкиот живот.

Можете да прочитате

Вадефул: Германија не бара совети од САД за демократијата

Италија го истражува Амазон за измама

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна