Утрински Весник
Магазин

Џенифер Хадсон сака да глуми во римејкот на „Херкулес“

Џенифер Хадсон сака да глуми во римејкот на „Херкулес“

39-годишната sвезда откри дека сака да ги следи стапките на нејзините колеги од Dreamgirls – Бијонсе, Џејми Фокс, Еди Марфи и Анике Нони Роуз – со улога во игран филм на студиото „Дизни“.

„Ова е забавен факт: сите членови на актерскиот тим на Dreamgirls глумеле во филмови на Дизни,“ рече таа во интервју за WIRED.

“Анике, Бијонсе, Џејми, Еди веќе го напарвија тоа. Каде е мојата Дизни-улога?”

И Џенифер го знае само ликот за кој би била совршена – Калиопе во „Херкулес“.

Во меѓувреме, Џенифер доби многу пофалби за улогата на покојната икона на соул-музиката Арета Френклин во биографски филм „Респект“.

Можете да прочитате

Читањето – одмор од секојдневниот стрес

ВИ агент на „Опен-АИ“ откако сфатил дека ќе биде деактивиран, започнал да бара начин како да продолжи со работа

Теми за кои секој пар треба да разговара