Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп: Ова не е евакуација, Америка е понижена

Трамп: Ова не е евакуација, Америка е понижена
Img 7972

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, рече дека поради катастрофата во Авганистан, неговиот наследник Џозеф Бајден ги понижил САД повеќе од кој било друг претседател во историјата.

“Ова е ужасно време за нашата земја. Мислам дека нашата земја не беше толку понижена сите овие години. Не знам како да го наречам, воен пораз или психолошки пораз”, рече поранешниот американски претседател.

Тој ја спореди ситуацијата со иранската заложничка криза во 1979 година и праша дали одлуките на сегашната американска администрација ќе предизвикаат полош развој на настаните, бидејќи Талибанците го опкружуваат Меѓународниот аеродром Кабул со неговите контролни пунктови и има извештаи за тепање на населението и други насилства.

Трамп, исто така, рече дека сцените снимени викендов, кога Авганистанците висеа од трупот на американскиот воен товарен авион, а подоцна беа убиени кога авионот полетуваше а тие паѓаа, беа понижувачки отколку евакуацијата на американската амбасада во Сајгон во 1975 година.

Трамп, исто така, рече дека за време на преговорите минатата година, тој го предупредил талибанскиот лидер Мула Абдул Гани Барадар дека Соединетите Американски Држави ќе возвратат десет пати посилно доколку Американец е повреден или ако милитантните сили навлезат во забранетите области.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари