Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пратки со фалсификувани потврди за вакцинација заплениле американските цариници

Пратки со фалсификувани потврди за вакцинација заплениле американските цариници
Img 7972

Американските цариници соопштија дека заплениле најмалку 120 пратки од Кина оваа година со повеќе од 3.000 фалсификувани потврди за вакцинација против Ковид-19, пренесуваат американските медиуми.

Пратките биле запленети во пристаништето Мемфис во Тенеси, испратени се на адреси во неколку американски градови, а според декларацијата за увоз, требало да содржат честитки.

Фалсификуваните потврди за вакцинација се запленети во време кога се повеќе американски држави, градови и компании бараат доказ за вакцинација.

Официјалните лица велат дека во сертификатите имало оставено празни линии за името и датумот на раѓање на вакцинираното лице, производителот на вакцината, серискиот број, датумот и времето кога е примена вакцината, и дека во горниот десен агол е симболот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести- ЦДЦ.

Меѓутоа, фалсификатите содржеле правописни грешки и нецелосни зборови и биле увезени од субјекти кои не се поврзани со Центарот за контрола или други здравствени услуги, пишуваат медиумите.

Федералното биро за истраги (ФБИ) предупреди дека купувањето, продажбата или употребата на фалсификувани сертификати е кривично дело што може да припаѓа во категоријата неовластено користење на официјалниот државен печат.

Сторителите може да бидат осудени на затворска казна до пет години и да платат парична казна.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари