Утрински Весник
Спорт

Соло: Меган Рапино на „сила“ ги натера фудбалерките да клечат

Соло: Меган Рапино на „сила“ ги натера фудбалерките да клечат

Поранешната американска голманка Хоуп Соло тврди дека нејзината поранешна колешка од репрезентацијата, Меган Рапино „речиси на сила“ ги натерала фудбалерките да клечат при изведувањето на националната химна, предизвикувајќи уште еден раздор во репрезентацијата.

„Ја видов Меган Рапино како речиси на сила ги натера да клечат бидејќи навистина сакаше да направи нешто, но мислам дека наше право како Американци е да го правиме тоа што го сакаме. Одлично е сега што нема химна пред натпреварите, бидејќи така спортистите не треба да одлучуваат и да прават раздори. Сега постои притисок спортистите да прават политички гестови, а главниот фокус треба да бидат победите“, изјави 40-годишната Соло.

> Соло: Меган Рапино на „сила“ ги натера фудбалерките да клечат <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија