Утрински Весник
Свет
Img 7972

Ескалира дипломатската криза меѓу Израел и Полска

Ескалира дипломатската криза меѓу Израел и Полска
Img 7972

Дипломатската криза меѓу Израел и Полска ескалираше откако полската влада му наложи на својот амбасадор во Израел да не се враќа на својата функција по неговиот семеен одмор, пренесуваат агенциите.

Амбасадорот Марек Магиеровски ќе остане во Полска до понатамошно известување откако тој беше отповикан од Варшава на консултации. „Тајмс оф Израел“ објави дека израелското Министерство за надворешни работи исто така го советувало Магеровски да остане во својата земја.

Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека не му се допаѓаат мерките преземени од израелското МНР и неоснованата одлука на Израел да го намали рангот на своето дипломатско претставништво во Варшава.

„Таквите чекори преземени од Израел многу сериозно ги нарушуваат нашите односи. Полската влада ќе преземе соодветни политички и дипломатски мерки, земајќи го предвид принципот на симетрија што се применува во билатералните односи,“ посочи полското МНР во изјава.

Полска во понеделникот соопшти дека размислува да ги укине годишните патувања на израелските млади на спомен -местата на Холокаустот во земјата, истакнувајќи дека таквите патувања се користат за зајакнување на омразата против Полска, која не е одговорна за Холокаустот.

„Патувањата не се одвиваат на соодветен начин. Тие понекогаш внесуваат омраза кон Полска во главите на младите Израелци“, рече заменик -министерот за надворешни работи, Павел Јаблонски.

Тој додаде дека неговата земја се занимава со анти-полските чувства во Израел, за кои една од причините е начинот на кој се образуваат и воспитуваат израелските млади.

„Оваа пропаганда, базирана на омраза кон Полска, им се втурнува во главите на младите луѓе уште од рана возраст во училиште“, нагласи тој.

Коментирајќи го усвојувањето на законот во Полска со кој се затвора можноста луѓето да го вратат имотот конфискуван од државата за време на комунистичката ера, што се очекува да влијае врз жртвите на Холокаустот и нивните потомци, израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, посочи дека не е првпат Полска да донесе антисемитски и неморален закон.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас