Утрински Весник
Македонија

Денеска почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Денеска почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Министерството за одбрана информира дека денеска, по повод 18-ти Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, во касарната ,„Илинден“ во Скопје со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно како што најавија од таму во 16.00 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија