Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Од денеска во Србија достапна трета доза вакцина против Ковид-19

Од денеска во Србија достапна трета доза вакцина против Ковид-19
300x250 opst2

Од денеска во Србија започнува примената на третата доза на вакцината против „Ковид-19“ објави српската влада.

Т.н засилувачка доза може да се даде на секој што сака, без разлика дали припаѓа на групите за кои се препорачува дополнителна вакцинација.

Условот е да се поминати шест месеци од втората доза од вакцината.

Граѓаните ќе можат да изберат вакцина, што значи дека дополнителната доза може да биде различна од оние со кои биле вакцинирани, најавија здравствените власти.

Дополнителна вакцинација се препорачува за лица со оштетен имунитет или имуносупресивни состојби, лицата на кои им е трансплантирана коскена срцевина или органи и лица на хемодијализа.

Третата доза се препорачува и за лица постари од 70 години, вработени во домови за стари лица и институции за социјална заштита, како и граѓани кои често патуваат во странство.

Можете да прочитате

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната

Орбан има неочекувани потенцијални сојузници во обидот да ја задржи Украина надвор од ЕУ