Утрински Весник
Свет

Стотици Авганистанци во еден авион, исплашеното население бара начин да ја напушти земјата

Стотици Авганистанци во еден авион, исплашеното население бара начин да ја напушти земјата

Илјадници Авганистанци се обидуваат да ја напуштат земјата од неделата вечерта, а како најбезбедна зона или т.н билет за излез од земјата се покажа аеродромот во Кабул, каде вчера настана хаос, пренесуваат агенциите.

Тие објавуваат фотографии на кои се гледа како 640 Авганистанци се втурнати во авион Ц-17, кој вообичаено превезува до 150 патници.

Според извештаите, сите бегаат од талибанскиот режим и се качија на транспортниот авион на американските воздухопловни сили за лет кон Катар.

Станува збор за американскиот воен авион на Американското воено воздухопловство Ц-17, кој, како што пишуваат светските медиуми полетал од Кабул.

Фотографијата што се појави на социјалните мрежи во кој е прикажан авион Ц-17 што полетува од Кабул е со вкупно 640 патници. Немаше багаж или седишта, со цел да им се даде можност на што повеќе луѓе да избегаат, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

85% од јаболките во Европа содржат остатоци од повеќе пестициди

Ердоган нуди посредништво меѓу Иран и САД

ЕК покрена постапка против Романија поради нелегални депонии