Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Место само да тапкаат по рамо, богатите земји нека преземат бегалци од Авганистан

Мицкоски: Место само да тапкаат по рамо, богатите земји нека преземат бегалци од Авганистан

Зоран Заев не е способен да обезбеди грижа и заштита за нашите граѓани, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по најавите дека Македонија ги информирала САД оти може да прифати бегалци од Авганистан, откако талибанците ја презедоа власта.

„Македонија е една од најсиромашните земји во Европа, во ваква една ситуација, добро е да видиме пример на солидарност од побогатите земји од нашата Македонија, со пример да покажат вредности, да прифатат бегалци од Авганистан, а не со тапкање по рамо“, смета Мицкоски.

Можете да прочитате

Екипи се борат со пожарот кај Никуштак – приоритет е заштита на населените места

Вашингтон го засилува фронтот против зависноста од Кина – Трафигура меѓу компаниите со американска поддршка 

11 возачи уапсени за едно денонoќие, меѓу нив и малолетник