Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари го осуди говорот на омраза на денешниот протест

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари го осуди говорот на омраза на денешниот протест
300x250 opst2

Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осудува говорот на омраза кон докторите на денешниот протест против новите мерки.

„Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, велат од АСМЛ.

Претходно денеска на протестот, демонстрантите пред Собранието докторите ги карактеризираа како убијци.

„Каде се докторите?“, праша присутна по што другите извикуваа: „Тие не се доктори, Убијци, убијци. Уа!“.

Можете да прочитате

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука