Утрински Весник
Спорт

Јоветиќ го „сврте“ фудбалот – голови во сите топ 5 лиги, но Херта беше „потопена“

Јоветиќ го „сврте“ фудбалот – голови во сите топ 5 лиги, но Херта беше „потопена“

Капитенот на црногорската фудбалска репрезентација, Стеван Јоветиќ стана само вториот фудбалер во историјата кој постигнал голови во сите топ 5 лиги во Европа, но неговата Херта доживеа тежок 3:1 пораз на гостувањето кај Келн.

31-годишниот Јоветиќ ја затресе мрежата на Келн по само пет минути игра, за да се израмни со Романецот Флорин Радучоју, како стрелец во најдобрите европски лиги – претходно стрелаше за Фиорентина и Интер (Италија), Манчестер сити (Англија), Севилја (Шпанија) и Монако (Франција).

Но, од овој момент, работите не одеа добро за клубот од Берлин. Антони Модесте успеа да израмни во финишот на првото полувреме, пред Флоријан Кајнц со два гола за само три минути (52. и 55. минута) да донесе три поени за „јарците“.

> Јоветиќ го „сврте“ фудбалот – голови во сите топ 5 лиги, но Херта беше „потопена“ <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија