Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Коциќ: Вакцинацијата и почитувањето на новите мерки се клучни за заштита на јавното здравје

(Видео) Коциќ: Вакцинацијата и почитувањето на новите мерки се клучни за заштита на јавното здравје
Img 7972

Вакцинацијата и почитувањето на новите мерки се клучни за заштитата на јавното здравје, истакна на прес-конференција, Ненад Коциќ – пратеник на СДСМ.

Тој нагласи дека бројот на нови случаи со заразени од Ковид-19 во последните денови забрзано расте, а инфективните оделенија се полнат. Вкупно се аплицирани над 1 милион дози, а ревакцинирани се над 500.000 граѓани од кои само 0.002 проценти се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни, вели пратеникот од СДСМ.

„Вакцинацијата е клучна за да спречиме натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност само кај невакцинираните. Апелираме и ги повикуваме граѓаните коишто досега не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат. Отворени се нови пунктови, има доволно вакцини, исклучително е важно за заштита на сопственото но и на јавното здравје. Секоја вакцина е безбедна. Вакцината ја намалува шансата од заболување од вирусот, спречува тешки форма на болеста и можеби најважно штити од најлошото, смртен исход“, изјави Коциќ.

Како што додаде, исклучително е важно и да се почитуваат и новите мерки оти се нужни за заштита на здрвјето и се применуваат и во други земји.

Можете да прочитате

СДСМ: До евтините пратки и дојде на власта, ДПМНЕ пак удри по џебот на граѓаните

Поднесено обвинение против лице што му се заканувало на директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите

Европската левица го следи случајот со цензурата врз Левица