Утрински Весник
Македонија

Само во Кратово, Крушево и Богданци нема заразени со ковид

Само во Кратово, Крушево и Богданци нема заразени со ковид

Само Кратово, Крушево и Богданци немаат случај на заразен со коронавирус според последната статистика. Зад нив се Демир Хисар и Дојран и Македонска Каменица со по еден заразен.

Во моментот најмногу заразени има во Скопје, Тетово и Гостивар, каде се регистрирани две третини од активните случаи низ целата држава. Главниот град има 1.677 активни случаи, Тетово – 1079 и Гостивар – 688. Вкупно 5.043 лица се водат за активно заразени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 161.359, бројката на оздравени пациенти е 150.774, на починати е 5.542.

Досега се направени вкупно 1.055.312 тестирања на Ковид-19.

Можете да прочитате

Трипуновски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка

Животното од Козле е вистински волк, потврдија домашни и странски експерти