Утрински Весник
Свет

(Видео) Морничави сцени од земјотресот на Хаити, издадено е предупредување за цунами

(Видео) Морничави сцени од земјотресот на Хаити, издадено е предупредување за цунами

Хаити денеска беше погоден од земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, објави Американскиот институт за геолошки истражувања. Првите снимки по разорниот земјотрес пристигнаа од островската земја.

Епицентарот бил на осум километри од градот Петит Тру де Нип, на длабочина од 10 километри.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави земјотрес во регионот со јачина од околу 7,6 степени.

Издадено е предупредување за цунами, а наведено е дека на Хаити му се закануваат бранови високи дури три метри.

Снимките што доаѓаат од Хаити покажуваат уништени куќи, згради, распукани патишта и луѓе кои во очај гледаат што останало од нивните домови.

Сцените се апокалиптични, а медиумите јавуваат дека е пријавена голема штета.

Градот Жереми е во урнатини. На една снимка се гледа густ облак прашина додека куќите и зградите „лежат“ во урнатините.

Второто видео покажува како луѓето излегуваат на улица и врескаат во неверување додека гледаат што се случува.

Жител на град 100 километри од епицентарот рече дека земјотресот траел многу долго и бил силно почувствуван.

„Премногу сме исплашени. Поминаа многу години од толку голем земјотрес“ изјави Даниле Рос, жител на Гвантанамо.

Според се’ уште неофицијални информации, неколку медиуми објавија дека има загинати и многу повредени.

„Бројот на жртви веројатно е голем, а штетата е распространета“, известува Американскиот геолошки завод.

Според медиумите, земјотресот бил посилен од катастрофалниот земјотрес што го погоди островот во 2010 година и во кој загинаа повеќе од 100.000 луѓе.

Се проценува дека повеќе од 200.000 луѓе загинаа по разорниот земјотрес со јачина од 7,0 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Хаити пред 11 години и го израмни поголемиот дел од главниот град на земјата.

Можете да прочитате

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа