Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја емитува натпревар од Олимписките игри денови по нивното затворање

Северна Кореја емитува натпревар од Олимписките игри денови по нивното затворање
300x250 opst2

Севернокорејската државна телевизија го објавила првиот извештај од Олимписките игри во Токио два дена по затворањето.

Според извештаите на локалните медиуми, Корејската централна телевизија оваа недела емитувала 70 минути од женскиот фудбалски натпревар помеѓу Велика Британија и Чиле, пренесе денеска Би-би-си. Всушност, тој натпревар се одигра на 21 јули.

Во Северна Кореја претходно бил емитуван извештај за Олимписките игри неколку дена по церемонијата на отворањето.

Според веб-страницата „НК њуз“, женскиот натпревар бил пренесуван без коментар и во лоша резолуција, па останува нејасен начинот на кој дифузерот дошол до снимката.

Северна Кореја не испрати делегација во Токио наведувајќи како причина дека сака да ги заштити спортистите од Ковид-19. Пјонгјанг тврди дека досега во земјата не е забележан ниту еден случај на зараза, но експертите велат дека тоа е малку веројатно.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож