Утрински Весник
Македонија

Камион прегази пешак кај Оровничка плажа, починал на лице место

Камион прегази пешак кај Оровничка плажа, починал на лице место

Камион прегази 58-годишен пешак синоќа кај Оровничка плажа на регионалниот пат Охрид – Струга.

Според информациите, товарно возило „ман“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од с.Оровник, општина Дебарца, удрило во пешакот Б.С.(58) од Скопје, кој починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Можете да прочитате

Мотоциклист настрада по сообраќајка во центарот на Скопје

СДСМ: Мицкоски повторно му диктира задачи на Обвинителот – Савески треба да си поднесе оставка

Нападнати полицајци на Бит Пазар и во Кисела Вода