Утрински Весник
Македонија

На Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути

На Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути, на ГП Блаце за влез во државата се чека до 20 минути, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа