Утрински Весник
Свет

Германија и САД ги повикaa своите државјани итно да го напуштат Авганистан

Германија и САД ги повикaa своите државјани итно да го напуштат Авганистан
Dik 300x250 mk

Американската и германската амбасада итно ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Авганистан.

Германија ги повикува своите државјани да го напуштат Авганистан со редовни летови што е можно поскоро, поради влошената безбедносна состојба, објави германското Министерство за надворешни работи, а истото го стори и американската амбасада.

„Јасно ги повикуваме германските граѓани на терен да ја искористат можноста да ја напуштат земјата што е можно поскоро со закажани летови“, се вели во соопштението.

Талибанците денеска го зазедоа стратешки важниот град Газни во Авганистан, со што се приближија на околу 150 километри до главниот град Кабул. Тие постигнаа прогрес по неколкудневниот жесток конфликт.

Бунтовниците не сакаат да ја делат власта со актуелната авганистанска влада во Кабул.

Насилството и брзината на напредувањето на Талибанците предизвика гнев кај многу Авганистанци поради одлуката на претседателот на САД, Џозеф Бајден, да ја повлече американската војска од Авганистан и борбата против бунтовниците да им ја препушти на авганистанските власти.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил