Утрински Весник
Македонија

Нов јавен простор во општина Ѓорче Петров

горче петров

Општина Ѓорче Петров добива ново урбано јадро, нов јавен простор сместен во централниот дел од општината. Во завршна фаза е корзото во Ѓорче Петров, капитален проект во дел финансиран и со средства од Светска Банка.

Станува збор за површина од 1.200 квадратни метри во кои се сместени пешачка зона, пристапна улица, изработени се два павиљони, изграден е амфитеатар, плочник оплеменет со ниско зелнило, стилски клупи и корпи, а pредвидено е отворање и на кафулиња. Насадени се 77 нови садници, а подобрени се и условите за наводнување преку поставување на систем капка по капка.

Во период што доаѓа предвидено е и поставување канделабри, изработка на фасадата на павиљоните и дополнително оплеменување на просторот со зеленило, со што овој простор и официјално ќе биде пуштен во употреба.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство