Утрински Весник
Свет

Мицотакис: Пожарите во Грција се најголемата еколошка катастрофа во последните децении

Мицотакис: Пожарите во Грција се најголемата еколошка катастрофа во последните децении

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека разорните пожари што горат низ целата земја повеќе од една недела се најголемата еколошка катастрофа што Грција ја видела во последните децении.

„ Успеавме да спасиме животи, но загубивме шуми и имот“, рече Мицотакис на прес -конференција, опишувајќи ги пожарите како „најголемата еколошка катастрофа во последните децении“, пренесе АП.

Премиерот рече дека властите се соочуваат со околу 100 активни пожари секој ден. Ситуацијата е значително подобрена до денес, бидејќи повеќето големи пожари се ослабени во интензитет.

Сепак, премиерот предупреди дека опасноста од нови пожари е уште присутна.

„ Се наоѓаме кон средината на август и јасно е дека не очекуваат тешки денови до крајот на главната сезона за време на која избиваат пожари“ рече Мицотакис.

Повеќе од 50.900 хектари беа оштетени во северна Евија, според картата на Коперник, Службата за вонредни состојби на Европската унија.

Цели планини од борова шума беа изгорени, додека плантажите со маслинки и смокви и лозја беа уништени.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија