Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 37 степени

Сончево време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени.

Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа