Утрински Весник
Свет

Макрон: Коронавирусот се уште не е зад нас

Макрон: Коронавирусот се уште не е зад нас

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека коронавирусот не е зад нас и уште еднаш ги повика Французите да се вакцинираат.

„Здравствената криза не е зад нас, тоа е многу јасно. „Ќе живееме со вирусот уште неколку месеци“, рече тој по состанокот на владата за борба против коронавирусот.

Во последниве недели, секојдневно се забележува зголемување на бројот на заразени луѓе во Франција поради појавата на делта-сојот, кој се шири побрзо. Секој ден, локалните здравствени власти регистрираат повеќе од 22.000 нови случаи.

Околу 45 милиони луѓе во Франција примиле барем една доза од вакцината, или 67 проценти од населението, додека 56 проценти се целосно заштитени.

Потребен е сертификат со QR -код за влез во ресторани и кафулиња во таа земја, како и за патување со авион, воз или автобус. Мерката е дел од владиниот план за поттикнување на вакцинација и запирање на ширењето на коронавирусот.

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната