Утрински Весник
Свет

(Видео) Грчкиот државен обвинител нареди истрага за пожарите

(Видео) Грчкиот државен обвинител нареди истрага за пожарите

По се почестите индиции за подметнати пожари, државниот обвинител Василиос Плиотас нареди истрага за да се утврди дали има организиран план за предизвикување пожар што сега ја опустошува и уништува целата земја.

Во Грција избувнаа повеќе од 500 пожари, поради што неколку илјади луѓе беа евакуирани од десетици населени места.

Пожарникарите ја поминаа ноќта обидувајќи се да спречат пожарите да се прошири во станбените области во регионот Гортини на Пелопонез, каде беа евакуирани повеќе од 20 села.

Пожарите продолжуваат да беснеат на претежно непристапен терен во близина на областите Фанараки, Кастраки, Пири, Лотус, Лиодора, Хрисокор и Дафне, а голем дел од обработливото земјиште и неколку дополнителни рурални објекти се уништени, додека електричната енергија и снабдувањето со вода се во прекин, пренесува „Катимерини“.

Властите евакуираа 21 село како мерка на претпазливост, а пожарникарите денеска очекуваат засилување што ќе им помогне во гаснењето на пожарот.

Можете да прочитате

Почина 28-годишна вработена во руски институт за чума – СЗО го процени ризикот за Европа

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Франција заедно со средношколците и студентите