Утрински Весник
Магазин

Fenty Beauty: Како шминката ѝ помогна на Ријана да стане милијардер

Fenty Beauty: Како шминката ѝ помогна на Ријана да стане милијардер

Кога Ријана го објави својот сингл Better Have My Money во 2015 година, луѓето можеби мислеа дека зборува за хонорари од бр.1 хитови како We Found Love или Diamonds.

Но, тоа е приходот што го остварува од нејзината козметичка компанија „Фенти убавина“ (Fenty Beauty), која во голема мера е одговорна за официјално да стане милијардерка минатата недела.

Ријана (33) ја лансираше „Фенти убавина“, попознта како „Фенти бјути“, во 2017 година во партнерство со компанијата за луксузни производи LVMH (Моет Хенеси Луј Витон).

Ријана тогаш изјави дека целта на „Фенти“ е да им се допадне на „сите типови жени“ со „сите тонови на кожа“.

„За секој производ си велев: Мора да има нешто за девојка со темна кожа или темен тен, мора да има нешто за бледа девојка, мора да постои нешто помеѓу“, изјави поп-ѕвездата за Refinery29 во 2017 година.

Таа посветеност е она што се издвојува, смета писателката експерт за убавина Џесика Морган, додавајќи дека цврстата заложба на Ријана ја прави поинаква од останатите.

“Ријана се приближи до диверзитетот без препреки. Нејзината цел беше да има опција достапна за секого”, вели 28-годишната Џесика.

Ријана вреди 1,7 милијарди долари, а околу 1,4 милијарди долари доаѓаат од вредноста на „Фенти бјути“.„

„Форбс“, престижниот бизнис магазин кој објави дека станала милијардер, тврди дека таа поседува 50% од козметичката компанија.

Ѕвездата го лансираше Fenty Beauty во 1.600 продавници низ 17 земји во 2017 година.

Наводно, компанијата заработила 100 милиони долари во првите 40 дена.

Заработува повеќе од другите брендови за убавина основани од селебрити-личности, како што се „Кајли козметика“ на Кајли Џенер, „ККВ бјути“ на Ким Карадшијан, и „Хонест компани“ на Џесика Алба, пишува „Форбс“.

Остатокот од богатството на Ријана главно доаѓа од нејзиниот удел во компанијата за долна облека, „Севиџ икс фенти“, во вредност од околу 270 милиони долари, и нејзината заработка од музика и глума.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста