Утрински Весник
Македонија

Во гаснење на пожарите вклучени 650 припадници на МВР

Во гаснење на пожарите вклучени 650 припадници на МВР

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07 часот вчера до 07 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на државата, од страна на МВР беа ангажирани околу 650 полициски службеници, меѓу кои и припадници на сите специјални единици на полицијата, реализирани се 221 мото-патроли и користени 163 возила.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

„Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец. Потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години“, велат од МВР.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати осум

Кондарко: Потребен ни е нов Изборен законик, независните кандидати ќе можат да учествуваат на избори без собирање на потписи

Ќе се препополови бројот на патувања, нема веќе работа на црно во ЕУ – ќе се бројат и кафињата во Солун