Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Курдската милиција отвора канцеларија во Женева за да гради односи со Европа

Курдската милиција отвора канцеларија во Женева за да гради односи со Европа
300x250 opst2

Народните заштитни единици (ЈПГ) од Североисточна Сирија ќе отворат канцеларија во Женева во обид да воспостави официјално присуство во Европа и да ги развие односите со европските земји, објави курдската милиција цитирана од турски „Дејли сабах“.

Освен тоа, ЈПГ планира да отвора помали претставништва и во Франција, Германија, Шведска, Луксембург, Белгија и во Холандија.

ЈПГ и Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, со кои се поврзани, долго време се обидуваат да добијат легитимитет како автономна сила на териториите што ги контролираат во североисточна Сирија.

Тој легитимитет за време на тековниот конфликт во Сирија беше суптилно поддржан од САД, Франција, Германија и од Шведска кои испратија дипломатски делегации да се сретнат со курдските милиции.

Меѓутоа, постои зголемена загриженост во врска непочитувањето на човековите права од страна на ЈПГ и СДФ откако се појавија бројни извештаи за принудно регрутирање деца-војници, пукање во демонстранти. тортура на активисти и за злоупотреба на етничките Арапи.

Освен тоа, и покрај поддршката од Западот за курдските милиции, Турција постојано тврди дека и ЈПГ и СДФ се сириски огранок на терористичката Курдска работничка партија (ПКК) и со тоа алиби и почна воени операции против ЈПГ.

Иако западните држави се уште не ја означја ЈПГ како терористичка група, ЕУ неодамна призна дека постојат врски меѓу курдските  милициии и екстремно левичарските екстремистички групи со седиште во Европа.

Во извештајот на Европскиот совет во јуни, насловен како „Акција на ЕУ за борба против левичарскиот и анархистичкиот насилен екстремизам и тероризам“, се наведува дека некои западни доброволци кои им се придружиле на ЈПГ во борбата против Исламска држава се водени од левичарските екстремистички идеолошки убедувања .

Во извештајот се додава дека исто како Европејците кои им се приклучија на џихадистичките групи, левичарските и анархистичките насилни екстремистички борци во Сирија стекнуваат или зајакнуваат борбени вештини кои, во принцип, би можеле да се користат за терористички активности во Европа.

Некои европски држави приведоа и презедоа против граѓани кои биле доброволци на ЈПГ. Британската влада, на пример, уапси едно такво лице во 2018 година и го обвини таткото на друг доброволец во 2019 година за поддршка на тероризмот.

Можете да прочитате

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук