Утрински Весник
Свет

Борут Пахор најпопуларeн политичар во Словенија

Борут Пахор најпопуларeн политичар во Словенија

Најпопуларен политичар во Словенија и понатаму е актуелниот претседател и лидер на Социјалдемократската партија, Борут Пахор, додека министерот за здравство Јанез Поклукар и претседателот на словенечкото собрание Игор Зорчиќ се на второ и трето место, покажа најново истражување пренесуваат медиумите во регионот.

Во истражувањето, според натписите е наведено дека партијата на премиерот Јанез Јанша денеска би добила најмногу гласови на парламентарните избори и покрај непопуларноста на владата.

Партијата на Јанша има стабилен рејтинг во последните четири месеци, но партиите во неговата коалиција се во голем пад, додека партиите на левицата покажуваат мал пораст, па во случај на релативна победа на изборите, Јанша тешко ќе формира нова влада.

Владата добила „средна“ оценка од страна на испитаниците, а парламентот бил оценет со полош резултат од владата.

Следните парламентарни избори во Словенија би требало да се одржат кон средината на 2022 година.

Можете да прочитате

Амазон ќе затвори 16 илјади работни места

Градоначалникот на Минеаполис одбива полициска соработка во акции против имигранти

САД започнуваат технички разговори со Данска и Гренланд за интересот на Трамп