Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На ГП Табановце за излез се чека од 40 до 60 минути а за влез околу 20 минути

На ГП Табановце за излез се чека од 40 до 60 минути а за влез околу 20 минути
300x250 opst2

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција, времето на чекање за излез од државата е од 40 до 60 минути, а за влез во државата околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ информираат дека има прекин на сообраќајот за сите типови на возила, почнувајќи од 06.08.2021, од 09 до 15 часот, поради изведувње на градежно асфалтерски работи на регионалниот пат Р2335 Житоше-Кривогаштани.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ќе дува силен северен ветер (над 65 км/час)

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници