Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Над 90 деца добиле труење во воз во Русија, уапсен персоналот на ресторанот

Над 90 деца добиле труење во воз во Русија, уапсен персоналот на ресторанот
300x250 opst2

Поради труење на речиси сто деца кои патуваа со воз до Црното Море од Мурманск на северот на Русија, целиот персонал во ресторанот беше уапсен.

На крајот на минатата недела, децата отидоа на море со своите наставници, а поради труењето не стигнаа до одморалиштето, туку завршија во болницата во Краснодар.
Од вкупно 250 деца, околу стотина имале проблеми со стомакот а 91 дете завршиле во болница со дијагноза на труење. За среќа, никој од затруените не е во сериозна состојба, а лекарите се надеваат дека наскоро сите ќе бидат излечени, пишуваат руските агенции.

Покрај децата, затруени се и неколку нивни наставници кои ги придружувале на патот. Покрената е кривична постапка против персоналот во ресторанот за „ услуги што не одговараат на безбедноста и животот и здравјето на потрошувачите“.

Во Русија веќе неколку години досега не е забележано такво масовно труење. Претходно, како што пренесуваат агенциите не беше невообичаено труењата да се појават во детските одморалишта поради непочитување на санитарните норми.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија