Утрински Весник
Свет

Мицотакис се извини за пропустите со пожарите

Мицотакис се извини за пропустите со пожарите

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се извини за пропустите на владата во борбата против катастрофалните пожари и одобри 500 милиони евра помош за луѓето.

Додека пожарите се уште беснеат и владата ги проценува првите штети, Мицотакис излезе на телевизија јавно да се извини и да вети дека никој нема да биде поштеден од одговорноста, но во исто време повика на единство на нацијата.

„ Степенот на штетата ни ги раскинува срцата. Се извинувам за загубите што ги претрпевте. Целосно ја разбирам болката на нашите сограѓани додека ги гледаа нивните запалени куќи и имот. Ќе ги откриеме сите пропусти и никој нема да избега од одговорност” рече Мицотакис.

Премиерот вети дека владата ќе стои покрај сите жртви и одобри 500 милиони евра за регионите во близина на Атина. Министрите утре ќе разговараат за други мерки за помош.

„ Оние што ги загубија своите домови и имот ќе бидат обештетени. Опожарените области ќе бидат пошумени”, рече Мицотакис, додавајќи дека “климатската криза тропа на вратата на целата планета”.

Можете да прочитате

Полска ги предупреди своите жители: Итно напуштете ја Белорусија

Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји (ВИДЕО)

Делегатите масовно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН поради обраќањето на Нетанјаху (ВИДЕО)