Утрински Весник
Спорт

Бразил ќе ги казни златните фудбалери

Бразил ќе ги казни златните фудбалери

Олимписката репрезентација на Бразил, го одбрани златниот медал во Токио. Во финалето, Бразилците, со голот на Малком во 109.минута, ја победија Шпанија со 2:1. Наместо награда за освоеното злато, бразилските фудбалери че бидат казнети од страна Олимпискиот комитет на оваа земја.

Бразилскиот олимписки тим во Токио, пред почетокот на ОИ, бил известен дека сите спортисти ќе мора да ја носат официјалната опрема, која за бразилските спортисти ја дизајнирале од кинеската компанија „Пикспорт“.

Фудбалерите на доделувањето на медали излегоа во дресовите на компанијата „Најки“, а долните тренерки биле на кинескиот производител.

Овој потег на фудбалерите не им се допаднал на останатите олимпијци. Пливачот, Бруно Фратус, освојувач на бронзен медал на 50 метри слободни, рекол дека потегот на фудбалерите испраќа „јасна порака дека тие не се чувствуваат дека се членови на олимпискиот тим“.

> Бразил ќе ги казни златните фудбалери <

Можете да прочитате

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026