Утрински Весник
Спорт

Федерер наполни 40, ривалите со емотивни честитки

Федерер наполни 40, ривалите со емотивни честитки

Тенискиот свет денеска му го честиташе 40. роденден на еде од најголемите тенисери во историјата, Роџер Федерер.

Заедно со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, Швајцарецот има 20 гренд слем титули, меѓутоа за многумина тој ќе остане најдобриот на сите времиња без разлика на бројот на титули, поради неговиот стил, однесување на теренот и мајсторството во тениската игра.

Во поголемиот дел од декадата на 2010-тите, Федерер беше сметан за најдобар во историјата и во својата генерација, а дури и сега на 40 години, продолжува да биде инспирација на сите со тоа што уште не е во пензија.

„Среќен 40. роденден! 40-ти? Вау! Какво достигнување. Уште не инспирираш на теренот и надвор од него. Беше огромна чест да се делат терените со тебе. Ти си му потребен на спортот. Благодариме за сите работи кои ги направи и што покажа дека и на таа возраст може да се игра на највисоко ниво“, изјави светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ во .-порака на официјалата АТП турнеја.

Јапонскиот теисер Кеи Нишикори, кој во кариерата има три победи и осум порази против Швајцарецот, исто така го поздрави Фед-Екс.

„Роџер, среќен 40-ти роденден. Ти уште си мојот идол, некој кон кој секогаш можеш да го погледнеш како пример. Се надевам дека ќе играме уште неколку пати и дека ќе освоиш гренд слем турнири“, изјави Нишикори.

Канадскиот тенисер, Феликс Оже-Алијасим исто така го прослави својот роденден денеска (21-ви), но најде време да му честита на Федерер.

„Еј Роџерс, големи 40, а јас сум уште на 21. Неверојатно е што јас и ти играме во исто време. Се надевам дека и јас ќе играм кога ќе наполнам 40“, вели Канаѓанецот.

> Федерер наполни 40, ривалите со емотивни честитки <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина