Утрински Весник
Македонија

Пукање на семејна веселба во с. Глумово, селаните повикале полиција

Пукање на семејна веселба во с. Глумово, селаните повикале полиција
Dik 300x250 mk

СВР Скопје го расчистува случајот со вчерашното пукање на семејна веселба во Глумово, соопшти полицијата.

Според информации од надлежните, на 07.08.2021 околу 15.23 часот полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по пријави дека во с.Глумово има пукање од огнено оружје, излегле на лице место при што биле пронајдени чаури од огнено оружје, пред домот на И.С.(51) од с.Глумово, каде што имало семејна веселба.

Од И.С. се земени парафински ракавици и пиштол „глок“, а чаурите се подигнати за вештачење.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици.

Од таму потсетуваат дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра.

Предупредуваат дека зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години.

Можете да прочитате

Утре сончево време со температура до 21 степен

Ретка можност: Балкански рис фатен во Кичево (ВИДЕО)

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови