Утрински Весник
Спорт

Лестер го освои трофејот во Комјунити шилд

Лестер го освои трофејот во Комјунити шилд
Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Лестер го освоија трофејот во Комјунити шилд. Со овој меч традиционално се отвора сезоната во Англија. „Лисиците“, со 1:0 го победија актуелниот шампион Манчестер сити.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, со комбиниран тим го одигра натпреварот, шанса добија неколку играчи од младинскиот тим. Најскапиот игра во историјата на клубот, Џек Грилиш, дебитираше во 65.минута.

За разлика од Гвардиола, неговиот колега Брендан Роџер, играше со речиси најсилниот тим. Единствено не настапи Џејмс Медисон, за кого се шпекулира дека ќе го напушти клубот.

Решаваќкиот момент на натпреварот се случи во претпоследната минута, Аке направи фаул за пенал врз Ихеначо. Нигериецот ја презеде одговороноста и го совлада Зек Стефен.

> Лестер го освои трофејот во Комјунити шилд <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата