Утрински Весник
Македонија

Околу 616 полицајци ангажирани во пожарите

Околу 616 полицајци ангажирани во пожарите

И во изминатото деноноќие со несмален интензитет продолжија активностите за гаснење и превенирање на пожарите на целата територија на Република Северна Македонија од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи каде што беа ангажирани околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од оваа институција информираат и дека полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествувале и во спасувачката акција над село Разловци – Врв Чокалица на 1400 метри надморска височина. „Граѓаните не се сами сите сме со нив“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Запалени две возила во сопственост на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Трансплантацијата спасува животи: Панел во Гостивар за унапредување на органодарителството

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин