Утрински Весник
Македонија

Aвтомобил во Прилеп удрил во пешак и побегнал

Aвтомобил во Прилеп удрил во пешак и побегнал

55-годишен прилепчанец бил удрен од автомобил кој веднаш по ударот побегнал од местото на несреќата.

Како што соопшти полицијата на 06.08.2021 во 13.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп непознато возило удрило во пешакот В.П.(55) од Прилеп, по што го напуштило местото.

Во незгодата В.П. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Можете да прочитате

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

ВЛЕН: Груби си го бара пасошот за 335 илјади евра, народот си ги бара децата

ЛДП: Се потврди нашето — буџетот немилосрдно се испумпува! Сега скратете ги и измислените функции, непотребните заменици и преплатените управни одбори!