СДСМ се тотално изгубени. Да функционираше системот за заштита, пожарите навреме ќе беа локализирани и немаше да бидат од толку големи размери да загрозуваат села и градови во Македонија, реагираaт од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со пожарите во земјава.
Според нив и помошта која пристига од Србија, Словенија, Австрија и Бугари како што оценуваат нема кој соодветно да ја координира.
„Буквално поминуваат по 1000 километри за да помогнат, а одговорните од Македонија ги нема нигде. Дополнително самите во СДСМ велат дека станува збор за катастрофа од големи размери со огромни штети, а врвот на власт никаде го нема. Народот е оставен сам да се снаоѓа, да се спасува и да ги гаси пожарите додека Заев, Шилегов, Спасовски, Николовски и останатите тераат одмор“, стои во соопштението од оваа партија.
Од таму додаваат дека власта дозволила стихиите да се прошират, според нив надлежните не интервенирале навремено, немаат сервисирано авиони за гаснење пожар во пресрет на ризичниот период за пожари, а капак на се како што велат е дека заминале на одмор и го оставиле народот сам.