Утрински Весник
Македонија

Притвор за скопјанец кој пукал со пиштол на семејна веселба во Чаир

Притвор за скопјанец кој пукал со пиштол на семејна веселба во Чаир

Полицијата уапси едно лице во Скопје за пукање со огнено оружје на семејна веселба во Чаир.

Според информациите на МВР, вчера околу 08 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници го привеле Ј.А.(27) од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По претходно преземени мерки утврдено е дека Ј.А. пукал со огнено оружје на семејна веселба, при што со наредба од судија извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал.

Ј.А. е изведен пред суд, при што му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Можете да прочитате

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

ВЛЕН: Груби си го бара пасошот за 335 илјади евра, народот си ги бара децата

ЛДП: Се потврди нашето — буџетот немилосрдно се испумпува! Сега скратете ги и измислените функции, непотребните заменици и преплатените управни одбори!