Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе емитувам во живо

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој на социјалните мрежи објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион.

„По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар. Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот и процесот на гаснење од воздух“, напиша Ангелов.

Сепак, директорот на ЦУК во меѓувреме објави и дека поради безбедносни причини и протоколи нема да може да се вклучи во живо, но соопшти дека петте хеликоптери започнале со гаснење.

Пожарот кој се разгоре во околината на Пехчево се уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од огнената стихија.

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ

По повикот на Битиќи и Костадинов си поднесе оставка од СДСМ