Утрински Весник
Македонија

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК
Ss2

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија.

Така Стојанче Ангелов кој досега беше вршител на должност директор, го именува за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

300x250 (7)

Пред пет дена Ангелов на „Твитер“, го објави Јавниот оглас што го распиша Владата за избор на директор на институцијата со која тој досега раководеше како вршител на должност.

„Кој смета дека е подобар нека се јави. Во спротивно нека молчи засекогаш. Добро, не баш засекогаш, барем во наредните 4 години“, напиша во таа прилика Ангелов.

Инаку, тој се најде под критики на јавноста за реакцијата на ЦУК при пожарот кај Кочани на 2 август и за несервисираните канадери кои засега не се употребливи.

Во однос на останатите функции, донесени се следните одлуки:

– Амир Шабани е именуван за директор на Фондот за осигурување на депозити;

– Дритан Имери е именуван за заменик директор на Државниот испитен центар;

– Ана Петровска e разрешeна од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, а на нејзино место е именуван Сретен Стојковски;

– Костадин Ацевски e разреши од должноста директор на Управата за хидрометеролошки работи, на негово барање, a за вршител на должност директор на УХМР е именуван Агим Муртезани;

– За членови на бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп, Владата ќе ги предложи: Никола Џамбазовски (независен неизвршен член), Миле Велкоски (независен неизвршен член), Кире Станкоски (извршен член), Татјана Стефаноска (извршен член), Ристе Ташев (извршен член).

Ss1

Можете да прочитате

Забрчанец: 15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик

Маричиќ за Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети

ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА СЕДМИЦА НИ НОСИ ПРОЛЕТНО ТОПЛО ВРЕМЕ: Очекуваме повеќе сонце, но попладнето ќе има и изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер