Утрински Весник
Свет
Img 7972

Коронавирусот повторно избувна во Вухан, луѓето ги испразнија продавниците

Коронавирусот повторно избувна во Вухан, луѓето ги испразнија продавниците
300x250 opst2

Илјадници купувачи во Вухан ги преплавија продавниците во паника бидејќи во градот првпат по една година, се регистрирани нови случаи на заразени од коронавирус.

Жителите за кратко време ја разграбаа стоката од полиците на супермаркетите. Тие стравуваат дека поради зголемувањето на бројот на новозаразени, повторно ќе има затворање. Сакаат да се обезбедат навреме и да ги снабдат своите домаќинства со продукти потребни за домаќинството, пренесуваат светските агенции.

Официјалните лица се обидоа да ја смират ситуацијата велејќи дека продавниците ветуваат оти нивната понуда на стоки ќе биде стабилна.

Во продавниците може да се видат и празни полици бидејќи некои производи биле разграбани.

Масовно тестирање почна во градот во кој болеста првпат беше откриена кон крајот на 2019 година.

Главниот град на провинцијата во централна Кина, каде што живеат 11 милиони луѓе, ќе го тестира целото население поради 8 новозаразени случаи на коронавирус.

Во Вухан немаше пријавено нови случаи на коронавирус од средината на мај минатата година.

Неговото строго, но успешно затворање од 76 дена, го шокира светот, но тој рецепт набргу го применија и другите земји во светот.

Кина го намали локалниот пренос на коронавирусот на речиси нула дозволувајќи ѝ на економијата да закрепне и животот да се врати во нормала во голема мера.

Но, новата епидемија на делта-сојот ги загрози ваквите резултати бидејќи се прошири во 20 града во повеќе провинции.

Можете да прочитате

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк