Утрински Весник
Свет

Уапсен човекот што се закануваше дека ќе активира бомба во зградата на украинската Влада

Уапсен човекот што се закануваше дека ќе активира бомба во зградата на украинската Влада

Уапсен е човекот кој се закануваше дека ќе активира бомба во зградата на украинската Влада.

Припадници на специјалните сили пристигнаа пред владината зграда, а не беше јасно зошто човекот влегол во зградата.

„ Ова е вистинска граната, изнесете ги луѓето одовде“ рекол човекот додека покажувал отстранета игла од бомбата, според видеото што кружи на интернет.

Чуварот веднаш повикал полиција, по што пристигнале специјалците.

Во инцидентот нема жртви и, според полицијата, предметот навистина бил рачна бомба. На напаѓачот сега му се заканува казна затвор до 15 години.

Локалните медиуми тврдат дека станува збор за Владимир Прокнич, кој претходно се борел во Донбас и дека бил деминер во доброволната единица Ајдар.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот