Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање пред Пентагон – повредени неколку лица, меѓу нив и полицаец

(Видео) Пукање пред Пентагон – повредени неколку лица, меѓу нив и полицаец

Најмалку три лица се повредени, меѓу кои и полицаец, при пукање пред Пентагон, јавуваат американските медиуми.

Зградата на Пентагон денеска беше блокирана, а на ниту еден од вработените не му било дозволено да излезе, откако се случило пукање на блиската автобуска станица, објави Агенцијата за воена заштита на „Твитер“.

Пукањето се случило пред зградата, на градска автобуска станица, која е главниот влез за илјадници вработени во Пентагон, пренесуваат американските медиуми. Две лица се тешко повредени, јавија дел од медиумите.

Возовите од метрото добиле наредба да го заобиколуваат Пентагон поради полициската истрага.

Итните служби се на местото  на настанот, а повеќе детали засега не се познати.

Можете да прочитате

Мистерија во Северна Кореја: По гласините за смртта на Ким Џонг Ун, државните веб-страници недостапни

Русија утре ќе ја испорача првата пратка дизел за САД, согласно договорот меѓу Трамп и Путин

САД се договорија да купуваат руски дизел, ЕУ нема да го следи Вашингтон