Утрински Весник
Свет

Израел потпиша договор за испорака на радари на германската армија

Израел потпиша договор за испорака на радари на германската армија

Израелската компанија „Израел Аероспејс индустрис“ потпиша договор вреден 200 милиони евра (237 милиони долари) за испорака на напредни радари на германската армија.

„Четири радарски системи со долг дострел ќе помогнат во модернизирање на полето на германското надгледување на воздушниот простор и одбранбени способности на балистички ракети“, соопшти ИАИ, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Системот исто така ќе придонесе за одбрана на НАТО од закани со оружје со долг дострел, додаде компанијата.

Преку својата филијала ЕЛТА, ИАИ ќе соработува на проектот со германската компанија „Хенсолдт“, одбранбена компанија која произведува сензори за безбедносни апликации.

Германија и Израел имаат блиски воени врски и честопати спроведуваат заеднички вежби во двете земји.

Германија испорачува подморници и ракетни бродови за израелската морнарица.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година