Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски – Вучиќ: Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар живот за сите

Мицкоски – Вучиќ: Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар живот за сите
300x250 opst2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и пратеникот и лидер на ДПСМ, Иван Стоилковиќ се сретна со српскиот претседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ.

На средбата се разговараше за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани.

„ Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите“, истакна Мицкоски посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси.

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген” која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.

Можете да прочитате

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица

Апсења на Табановце: Италијанка и Германец се обиделе да внесат дрога

Скопјанка пронајдена почината во својот дом