Утрински Весник
Магазин

Хајди Клум воодушевува со совршената фигура

Хајди Клум воодушевува со совршената фигура
Dik 300x250 mk

Некогашниот супермодел Хајди Клум среќата ја пронајде дури по разводот со пејачот Сил.

Барем така тврди убавата Германка за својот трет, 16 години помлад сопруг Том Каулиц, со кого се венча во август 2019 година, по два месеци веридба.

Судејќи според фотографиите на папараците, но и оние од профилот на социјалните мрежи на 48-годишната Хајди, љубовта навистина цвета во нејзиниот брак. Многумина тврдат дека тоа се рефлектира во нејзиниот беспрекорен изглед.

Таа едноставно блеска на одмор во Италија каде што папараците прво ја уловија во прегратка со нејзиниот сопруг на улиците во Рим. Подоцна на парот им се придружија и нејзините деца, па заедно ги посетија знаменитостите како Колосеум и фонтаната Треви, а потоа се препуштија на гастрономски задоволства во популарниот римски кварт Testaccio.

Можете да прочитате

Совети за поголема доверба, меѓусебна почит и успешна врска

Најприфатливи земји за удобен и финансиски пристапен живот во странство

Дру Баримор: Мајка ми ме прати на рехабилитација кога имав 13 години, беше пекол