Утрински Весник
Свет

САД со порака до Русија: Аплицирајте за виза

САД со порака до Русија: Аплицирајте за виза

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, рече дека толкувањето на рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, за ситуацијата со 24 руски дипломати е неточно.

Како што наведуваат светските медиуми, на нив ќе им се доделат американските визи.

Тој на брифинг со новинарите рече дека руските дипломати „можат да поднесат барање за продолжување на визата“ и додаде дека овие апликации се одлучуваат „од случај до случај“, пренесува „Ројтерс“.

Антонов претходно во интервју за списанието „Национален интерес“ рече дека САД и предадоа на Русија список од 24 дипломати кои треба да ја напуштат земјата до 3 септември поради истекот на визите.

Москва и Вашингтон веќе некое време се во судир, а односите дополнително се заладија откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е убиец.

Тензиите, сепак, се намалија по состанокот на 16 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта

Европа се обединува околу нови принципи за безбедност

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“